Тиквешкото езеро се полни!
Објавено на 2 март, 2013 во 15:04
Обилните врнежи од дожд со кои беше зафатена замјава ја наполнија наголемата вештачка акомулација, Тиквешко Езеро.
Во моментов нивото на езерото е близу до прелив, а Хидро електричната централа Тиквеш работи со зголемен режим со цел да се прифатат надојдените води, но зависно од потребите на електроенегетскиот систем на Македонија.
“На почетокот на неделата имавме зголемен доток на вода во езерото, а сега имаме позитивен тренд на намалување на тие води. Езерото е полно со вода, а водата е под контрола“ рече портпаролот на ЕЛЕМ, Мирче Котевски.
На почетокот на неделата во кавадааречко наврнаа 47 литри на метар квадратен за само 24 часа. Од обилните врнежи се замати и водата за пиење./ А.Д