МРТ: Спотот за Евровизија не ги задоволува стандардите

Објавено: 1 март, 2013, во 12:34 часот

Видео записот на Есма Реџепова и Влатко Лозаноски за песната „Империја“ е повлечен од Јутјуб. Спотот за кој јавноста коментираше дека е промотор на зданијата на проектот „Скопје 2014“ е отстранет од сите канали на „Јутјуб“, пренесува Дневник.

Шефот на Евровизиската делегација на Македонија, Љупчо Мирковски објаснува дека МРТ како и минатата година, дозволи целосна слобода во креативниот пристап  и реализацијата на видео записот за песната  којашто годинава ќе ја претставува Македонија на Изборот за Песна на Евровизија 2013 –  во Малме, Шведска .

„Како официјална членка на ЕБУ, МРТ  смета дека  видео записот комплетно изработен од „Егзит Б“ Продукција, не ги задоволува стандардите  и критериумите за достојно представување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од истиот,  кој поради програмската најава за директниот пренос на 27 февруари, мораше да биде емитуван“, велат од МРТ.

МРТ децидно тврди дека : ниту го постирала , ниту го одстранила спорниот видео запис од било која веб-страна на  Интернет.

Како носител на лиценцата за евровизискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и промени на комплетниот национален Евровизиски пакет, се до крајниот термин : 18 ти март 2013 та година , кога истиот треба да се предаде на ЕБУ.

МРТ се оградува од сите шпекулации и изнесени невистини во јавноста , за инволвираноста во идејното решение и реализацијата  на видео спотот  и сериозно размислува,  за  одпочнување на постапка за заштита на интересите и интегритетот на јавниот радио дифузен сервис.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.