Се помалку говеда во САД!
Бројот на говеда по глава на жител во САД падна на рекордно ниско ниво.
Според податоците од американското минiстерство за земјоделство, бројот на говеда на 1 јануари оваа година изнесувал само 89 милиони и 300 илјади.
Тоа е речиси 1,5 милиони или 1,6 посто помалку од пред една година што е загрижувачко бидејќи ваква состојба во САД имало во далечната 1952 година.
Спoред резултатите од пописот на стоката, бројот на крави се намалил во однос на јануари 2012 за 2,9 % односно на 29,3 милиони грла.
Сепак, оптимистички е показателот дека бројот на млечни крави останал на исто ниво во период од пред една година.
Според најновите истражувања,бројот на телиња е помал за 2,3 % или 13,8 милиони.
Најмногу говеда се одгледуваат во државата Тексас 11,3 милиони, потоа следуваат Небраска со 6,3 милиони и Канзас со 5,9 милиони грла./Б.Н.Т
Извор: Агропортал. хр
