Девет години од смртта на Борис Трајковски!

Објавено: 26 февруари, 2013, во 12:32 часот

Поранешниот претседателот Борис Трајковски загина на денешен ден во 2004 година во авионска несреќа во близина на Мостар.

Во Македонија и во Босна и Херцеговина денеска ќе бидат одбележани девет години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

Во Ротимље на одбележувањето на деветгодишнината од трагичната смрт на Трајковски ќе присуствува владина делегација предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски. Во составот на делегацијата ќе биде и заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев.Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта цвеќе на гробот на Трајковски ќе положи собраниска делегација составена од Светлана Јакимовска, Сузана Салиу, Силвана Бонева и Владанка Авировиќ.

Владиниот „кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар. Авионот требаше да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.