Гоце Величковски поранешен градоначалник на Росоман е исклучен од СДСМ!
Црвен картон заработи и Гоце Величковски поранешен градоначалник на Росоман.
Социјал демократите од Росоман денеска преку соопштение ја информираа јавноста дека извршниот одбор донел одлука на Величковски да му престане членството во СДСМ поради повреди на статутот со неговата кандидатура за градоначалник од друга партија без согласност на СДСМ, како и поради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ.
“Величковски беше градоначалник на Росоман од редовите на СДСМ во два мандата за период 2000-2009 година. Во 2009 година се бореше за трет мандат, но изборите ги загуби. Сега е кандидат за градоначалник од Народно движење за Македонија. Ова е негова лична одлука ОО СДСМ Росоман не ја подржува оваа одлука. Ги почитуваме ставовите и одлуките наЦентралниот одбор на СДСМ и ќе ги бојкотираме локалните избори во март“ се наведува во соопштението на ОО на СДСМ Росоман. / А.Д