Китев: “Власта се обидува да создаде фингирана опозиција“

Објавено: 14 февруари, 2013, во 14:05 часот

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од  СДСМ и опозицијата, Бетиан Китев смета дека власта создава вештачка опозиција.

Тој вака го коментира големиот број на независни советнички листи и независни кандидати за градоначалник во Кавадарци.

„Една е здружената опозиција. Затоа секоја камуфлирана и фингирана опозиција, што сака да ја создаде ВМРО-ДПМНЕ во овој период и да ја прикаже пред јавноста,е лажна и се лаже дека може такво нешто да се случи“ рече Китев во изјава за Дума.мк и нагласи дека за единствен против кандидат го смета кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека упорно вадат кандидати од џеб никако неможат да се договорат кој ќе бидат нивен кандидат. Овие избори кога и да се одржат ќе ги изгубат катастрофално“  смета Китев. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.