Стоп за солта!
Објавено: 14 февруари, 2013, во 10:32 часот
Мaлото консумирање на сол го продолжува животот!
Сакате да го продолжите животот? И тоа сега веднаш?
Многу е лесно, само намалете ја количината на сол која ја конзумирате.
Намалувањето на солта за 40% во текот за 10 години би им овозможило продолжување на животот дури на 500 илјади луѓе само во Америка.
Намалувањето на конзумирање сол би го намалил ризикот од зголемен крвен притисок и кардиоваскуларни болести, изјавуваат група научници од Универзитетот Калифорнија.
Денес, модерните луѓе внесуваат 3600 милиграма сол дневно, додека експертите велат дека дневната количина би требало да изнесува 1500 милиграма. А тоа е многу голема разлика.
Проблемот е во тоа што најмногу сол се внесува со комерцијално спремните спаковани храни.
Сега, знаете што треба да направите …
