Подарок за Свети Валентин според должината на врската!

Објавено: 13 февруари, 2013, во 10:51 часот

Свети Валентин е утре а вие сеуште немате купено подарок?

Ова е последен момент, инспирација ќе ви дадеме ние, но според должината на врската …пронајдете се!

Чоколада

Секогаш најдобар избор, бидејќи секоја жена обожува чоколада. Ако ја знаете нејзината омилена, уште подобро. И да, ни најмалку ќе биде романтично ако ја купите најобичната чоколада … спакувајте ја добро.

Ниво на врска: Почеток/не сте во врска/пријатели

Цвеќе

Додека букетот од црвени рози е претеран за прв состанок, секогаш може да биде добар избор за Свети Валентин. Наместо рози може да одберете и некое друго цвеќе, но пред да го купите проверете ја симболиката на тоа цвеќе за да биде поромантично.

Ниво на врска: Се

Привезок во облик на срце

Привезоците се многу практичен подарок за почетокот на врската. Симпатични се (но не премногу озбилни), згодни (но не наметливи), и покрај се се практичен подарок кој може да се носи секојдневно.

Ниво на врска: Почеток

Јагоди во чоколадо

Јагодите во чоколадо се заштитен знак на заведување, тие мешаат романтика со сексуалност.

Ниво на врска: Почеток

Излет

Еднодневен излет или излет со ноќевање е совршена комбинација на романтика и зближување со партнерот.

Ниво на врска: Почеток

Златна белезица

Со ова парче накит ќе ја потсетите вашата девојка колку долго сте заедно и колку ви значи. Истовремено, искажувате дека и понатаму сакате да бидете со неа.

Ниво на врска: Во долга и озбилна врска

Апарат за кафе

Ако вашата девојка обожува кафе, ова ќе биде одличен подарок за неа. А уште подобар избор е ако сте често кај неа и она ви спрема кафе. На тој начин и покажувате дека понатаму мислите да одите кај неа.

Ниво на врска: Во долга и озбилна врска

Луксузна долна облека

Ова е забавен подарок и за двајцата, кој е многу романтичен.

Ниво на врска: Во долга и озбилна врска

Обетки со дијаманти

Накитот е секогаш добар покдарок, а обетки со дијаманти ќе и покажат на вашата драга колку ви е драга, колку ја сакате и цените.

Ниво на врска: Вереници/Брак

Посета на wellness

Доколку и подарите третмани во wellness центар ќе и овозможите да се опушти, забавува и освежи. А сите знаеме колку жените сакаат да се чуствуваат и изгледаат убаво.

Ниво на врска: Брак

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.