Како да го исчистите таблетот и паметниот телефон?
Објавено: 12 февруари, 2013, во 11:23 часот
Колку пат дневно ги миете рацете? А колку често го чистите својот таблет или паметен телефон? Уредите кои ни се постојано во рацете и често до лицето без редовно чистење можат да бидат вистински “хотел” за бактерии. За да го исчистите своето “домашно милениче” следете ги овие насоки.
Имајте на ум дека уредите со екрани чуствителни на допир не се чистат со хартиени крпи или марамчиња бидејќи можат да направат тенки гребаници на самата површина на еканот. За да го исчистите убаво екранот без никакви последии, најдобро е да користите мека крпа, најдобро е да биде микрофибер.
За отстранување на маснотите од екранот добри се и посебните влажни марамчиња кои се користат за чистење на наочари бидејќи не прават гребаници, а во себе содржат средство на чистење.
Доколку на екранот наоѓа некоја дамка од храна, течности или шминка, исклучете го уредот и извадете ја батеријата. Дел од микрофибер крпата натопете го со вода и избришете го телефонот.
Ако дамката е застарена крпата натопете ја со раствор од вода и сапун за перење раце. Кога ќе ја отстраните дамката, избришете го уредот со сува крпа и вратете ја батеријата на место. Никогаш немој да користите средство за стакло или алкохол за чистење на екранот бидејќи они ќе ги уништат посебните намази кои ги имаат одредени уреди. Ако уредот ви падне во вода или се натопи, одма исклучете го и извадете ја батеријата. Не го сушете со фен или греалка. Ако имате кесичка со силиконски гел (оние кои обично се наоѓаат во кутиите за чевли), ставете ги до уредот и оставете го преку ноќ. Ќе ја упие цела влага која ја има примено телефонот.
