Внимателно да се вози, има густа магла на патиштата!
Објавено: 8 февруари, 2013, во 18:08 часот
Се појави магла која вечерва ја намали видливоста од 50 до 100 метри на патните правци Прилеп – Крушево и Тетово – Попова Шапка.
Слаб снег паѓа во Битола, Ресен, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.,
Според ЈП Македонија пат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, во зимски услови, по претежно влажни коловози, без забрани, застои и ограничувања.
По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.
Особено внимателно возење се препорачува на патните правци Кочани-Делчево и Виница-Берово каде што се забележани почести одрони од вообичаеното.
А.Ј


