Невролог го откри темниот дел од мозокот каде што се крие злото!
Објавено: 8 февруари, 2013, во 10:52 часот
Д-р Герхард Рот, научник од Бремен, објаснил дека „лошите парче” се наоѓа во централниот дел на мозокот и се гледа како затемнување на ренгентска снимка.
До откритието дошол проучувајчи ги со години прекршителите на законот во рамките на проектот германската влада: “Им покажавме на овие луѓе кратки филмови и им ги меревме мозочните бранови. Секогаш кога ќе се појавеше брутална и насилна сцена тие не покажуваа емоции. Во делот на мозокот во кој се создава сочувство и тага, ништо не се случува”, изјавил Рот за „Дејли Меил“.
-Кога прегледувам млади луѓе, и ако забележам пречка во споменатиот дел, можам да кажам дека е во прашање злосторник, со сигурност од 66 проценти- објасни тој.
Рот криминалци ги дели во три групи: првата се „ментално здрави”, израснал во средина во која е во ред да се бори, краде, и убива, втората се оние со душевни растројства кои околината ги доживува како закана, а третата група спаѓаат „чисти психопати” , како Салин и Хитлер.
