Предлогот на АМАН на собраниска комисија!

Објавено: 7 февруари, 2013, во 19:26 часот

Во Собранието на Македонија почна  разгледувањето на  Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика поднесен преку Граѓанската иницијатива АМАН со 13.169 потписи од граѓани.

 

Прелог – законот беше на прво читање пред комисијата за економски прашања. АМАН бара враќање на дневната евтина струја и парно да не плаќаат тие што не го користат.

Заменик-министерот за економија Христијан Делев рече дека правно, предлогот од АМАН не може да биде вклучен во Законот бидејќи тие работи се регулирани во подзаконски акти, односно во тарифникот кој е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика. 

„Повторното враќање на евтината дневна тарифа ќе значи дополнително оптоварување на нашите електрани или пак дополнителен увоз на скапа електрична енергија што во краен случај ќе придонесе на зголемување на цената на електричната енергија“, рече Делев.

„Не е точно дека не може да има промена на Законот во однос на нашите барања. Измените што ги предлагаме бараме да стојат фиксно во Законот за да не може да се менува од оваа ниту која било влада или променет состав на Регулаторната комисија дури ни некоја компанија да го измени – појасни Јасмина Голабовска од „Аман“.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Васко Пашовски ја посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, нема да ја поддржи иницијативата на „Аман“.

Пратеникот Газмен Алии од ДПА реагираше на методологијата за цената на електричната енергија која треба да се усогласи со животниот стандард.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.