Неготинци ќе избираат најлута ракија и најјако вино!
Индивидуалните лозари и годинава ќе можат да си ги одмерат силите во избор на најдобро вино и ракија во рамките на манифестацијата Недела на виното посветена на верскиот празник Свети Трифун.
За да стекнат право на учество во натпреварот, сите заинтересирани, најдоцна до 8-ми овој месец треба да достават мостри од произведените вина и ракии.
Како што пишува во правилата за избор, годинава, домашните производители ќе се натпреваруваат во двете категории додека интернационални учесници од повеќе земји само во категоријата за избор на најдобро вино.
Организаторот, општина Неготино, ќе ги награди најдобрите ракиџии и винари кои ќе бидат оценети од жири комисија.
Лани домашните производители на ракија и вино покажаа голем интерес за натпреварот.
Годинава се очекува изборот да го привлече интересот и на компаниите од странство кои своите производи ќе ги промовираат во рамките на манифестацијата Недела на виното.