Облачно со сончеви периоди!
Објавено: 4 февруари, 2013, во 07:55 часот
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Претпладне во западните подрачја се можни локални врнежи од дожд и снег.
Температурата ќе се движи од два до 11 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 7 степени.

