Чист воздух во лименки се дели во Кина!
Кинез смислил кампања за освестување на граѓаните за загаденоста на воздухот во Пекинг.
Бизнисменот Чен Гуангбиао, кој своето богатство го создал со рециклирање, е познат и како голем филантроп. За да направи кампања против загадување, на улица на луѓето им делел лименки полни само со воздух кој наводно бил од незагадените делови на Кина познати по својата природа и свеж воздух.
„Сакам да им порачам на градоначалниците и сите големи компании: Не трчајте по поголем профит, не трчајте по повеќе пари на штета на нашите деца и внуци. Не ја жртвувајте природата“, изјавил Чен.
Чен на минувачите им делел зелени и портокалови лименки „Свеж воздух“, на кои се наоѓала негова карикатура и зборовите: „Чен Гуангбиао е добар човек“, додека на дното пишувало „Бидете добри личности, имајте добро срце и правете добри работи“.
За сега неговата кампања добила позитивни критики и од медиумите, и од обичните луѓе кои сакаат да побегнат од загадувањето.
Воздухот во Пекинг е скоро 500 мерни единици, а опасен по здравје се смета ако е над 300. Неодамна бил забележан рекорд од 755 единици.