Македонија делумно слбодна земја!

Објавено: 16 јануари, 2013, во 11:33 часот

Македонија е во групата на делумно слободни земи во најновиот извештај на невладината организација за човекови права “Фридом хаус“ од Вашингтон.

На Македонија друштво во групата делумно слободни земји и прават  и Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Украина и Пакистан. Македонија и во двете сфери: човекови права и со политички слободи е оценета со тројка. Во овие земји е ограничено почитувањето на политичките права и граѓански слободи. Тие страдаат од корупција, слабо владеење на правото, етнички и верски судири и политичка сцена на која една партија е доминантна, и покрај одреденото ниво на плурализам.

Како слободни земји од регионот, во кои спаѓаат оние со политичка конкуренција, кои ги почитуваат граѓанските права и човекови слободи и имаат независни медиуми, се најдоа Србија, Хрватска и Црна Гора, се наведува во извештајот на „Фридом хаус“

Во извештајот кој се однесува на 195 земји во текот на минатата година се констатира дека има пад во почитувањето на слободите во светот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.