На повеќе локации ќе се слави Богојавление
Кавадарци се подготвува за големиот празник Богојавление –Водици.
Ќе бидат осветени водите на Тиквешкото Езеро, браната моклиште, реката Луда Мара. Во Кавадарци водосвет ќе биде извршен во фонтаната на Црквата Св.Димитрија, а потоа во водите на реката “Луда Мара“ ќе се фрла светиот крст. Денеска се поставуваше брана на реката. Во црквата Свети Димитрија веќе се пријавуваат кандидатите кои ќе скокаат по светиот богојавленски крст. Од општина Кавадарци најавија ЛЕД телевизори за среќните момчиња кои ќе учествуваат во оваа празнична традиција во Кавадарци и Ваташа. Лани 24 момчиња скокнаа по богојавленскиот крст.
Подготовките се веќе отпочнати и за Водици на браната Моклиште, каде исто така по традиција ќе се фрла осветениот крст. Интерес имало голем ни рекоа од црквата Св.Богородица во Ваташа. Светиот чин е највен за 12.00 часот.
И годинава продолжува традицијата. Светиот крст ќе се фрла и во водите на Тиквешко Езеро кај ресторан “Луле“.Пријавувањето ќе се врши половина час пред фрлањето на крстот.