Општина Кавадарци реализира значаен енергетско ефикасен проект за повеќе јавни објекти

Објавено: 27 август, 2026, во 11:12 часот

На крововите на 12 јавни објекти во Кавадарци поставени се фотоволтаични системи. Опфатени се градинки, училишта, библиотеката, Домот на културата, Општината, судот и болницата. Вкупната инсталирана моќност е 390 киловати, а проектот е финансиран со донации и средства од општинскиот буџет.

„Овој проект претставува уште еден чекор кон создавање поодржлива, енергетски ефикасна и еколошки одговорна општина. Со вложување во обновливи извори на енергија, Општина Кавадарци не само што ги намалува долгорочните трошоци за електрична енергија, туку придонесува и кон заштита на животната средина и создавање подобри услови за идните генерации,“ соопштија од општината.

Оттаму додаваат дека Кавадарци продолжува да инвестира во зелена енергија, одржлив развој и модерна јавна инфраструктура – за поекономична и позелена општина.

Дијана Иванова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.