Демиркапијци, покрај огнови, на дочек на Стара Нова Година!

Објавено на 14 јануари, 2013 во 19:21

Вака традиционално во овој град се слави Василица.

Жителите на Демир Капија синоќа ја прославија Стара Нова Година со многубројни големи огнови во чест на верскиот празник Василица.Василичари според нашите традиционални обичаи ја скршија погачката со паричка,која пред да биде поделена беше благословена од свештеникот Дејан Таневски. Кумовите по традиција обезбедуват храна и пијалоци а цела ноќ на скара се печат колбаси, се јаде, се пие и се игра околу запалените огнови.

Најпосетено огниште на Стара Нова Година беше на улицата Партизанска во близина на ново изградениот мини плоштад. Прославата траеше до раните утрински часови, кога децата Василичари почнаа да ги посетуваат домовите пеејќи песни а домакините ги даруваа со колбаси, овошни плодови и пари.

Верниците во утринските часови ја посетија црквата Света Богородица во Демир Капија, во која се одржа Божествена литургија посветена на светецот Василие.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.