Нова овошка, погодна за одгледување во Македонија!
Во Македонија постојат идеални услови за одгледување на растението пепино кое припаѓа на семејството домати и патлџани. Карактеристично за ова растение е дека формира многогодишно дрвце, со гранки покриени со бели или розеви до силно сини цветови.
Дрвцето на кое расте пепиното не е повисоко од 1 метар. Плодовите се одгледуватт како и доматите, растението се крепи на кол. Бара многу сонце и редовно полевање, а почвата треба да е богата со хранливи материи.
Агрономите кои имаат искуство со оваа растение велат дека може да се засади директно во земја, а може да се одгледува и во голема саксија.
“ Ако сакате да го одгледувате на тераса, засадете го во голем сад и ставете му колец на кој ќе го заврзете. Во почетокот на зимата може да се прибере внатре на потопло и да се изнесе напролет, за да се размножи. Овој роднина на доматот се размножува многу лесно со резници и од семе, но, најчесто растенијата произведени од семе даваат род со многу полош квалитет. Во период на цветање ноќните температури не треба да се пониски од 15 степени Целзиусови“ објаснуваат агрономите.
Според нивните кажувања растението слично како и доматите сака проветрувење, а оптималната температура на почвата треба да е околу 20 степени. Ова растение е скоро вечно зелено, но, чувствително е на студ, па затоа често производителите го засадуваат секоја година.
Плодовите на пепиното се ароматични и меки кога се зрели. Имат деликатен вкус, кој потсетува на ананас, лимон, круша или на диња.
Растението се адаптира на одгледување во пластеници и оранжерии. Може да биде пуштено да нарасне и до 2 метри височина, при што приносите се зголемуваат за 2-3 пати.