“Дедо цепе бурина“ и годинава во Кавадарци!
Продолжува коледарската традиција во Кавадарци. Се е подготвено за годинашниот фестивал на вицот и шегата “Дедо цепе бурина„
На градскиот плоштад,во амфи теататарот ќе биде запален голем коледарски оган, а по крај него кавадарчани ќе кажуваат вицови и шеги, најдобрите ќе бидат наградени. Првата награда е 3000 денари, втората носи 2000 денари, а за третопласираниот е предвидена парична награда од 1000 денари. Покрај ова победниците ќе ја понесат и титулата витези на кавадаречката шега и вицот со благодарница, а сите натпреварувачи од организаторот ќе добијат Коледашка.
Организаторот најавува коледарски коктел и нагласува дека “Кој што ќе си донесе, тоа ќе си мезе“ . Покрај оваа централна прослава во секое населено место во секое маало ќе бидат запалени коледарски огнови.По традиција, дружењето ќе трае до раните утрински часови.
“Веќе се организиравме за вечерашниот коледарски оган. Собравме дрва, а ја подготвуваме и трпезата, за се да биде како што треба. Ова е убава можност да пролсавиме сите соседи заедно. Да го одбележиме овој голем празник што ни доаѓа и да ја изнегуваме традицијата“ рекоа неколку мина кавадарчани кои ги затекнавме како се подготвуваат за коледе.