Во Постоинска јама биолошко чудо
Човечка рипка во Постоинска јама снела 45 јајца, што се смета за биолошко чудо.
Човечката рипка е изолирана во посебен аквариум, каде се прилепила за површината на која за 20-тина минути снела јајца од кои некои изгледаат како од нив дека ќе излезат млади.
Биолозите кои водат дневник ја изолирале рипката за љубопитноста на посетителите не биде стресна за неа и јајцата.
Станува збор за многу ретка појава, чудо на природата, бидејќи во август 2013 година првпат се случило вработените и посетителите во туристичката пештера да бидат сведоци кога човечка рипка неси 22 јајца.
Човечката рипка спаѓа во едно од најмистериозните суштества на подземјето.
Посетителите ова случување можат да го следат преку посебен екран, а се подготвува и посебна интернет-страница за сè што се случува.