ЕКСКЛУЗИВНО: Есма и Лозановски на Евровизија !
Објавено: 28 декември, 2012, во 20:02 часот
Македонската Радио Телевизија по долго размислување, се одлучи, а македонската јавност по долго шпекулирање конечно дозна. Годинaшните преставници на Македонија на големиот европски фестивал Евровизија се Есма Реџепова и Влатко Лозановски.

Необичен спој, разлика во годините и музиката која ја негуваат, а деталите сеуште непознати. Останува да го чекаме денот кога ќе имаме можност да ја слушнеме и песната па да коментираме, зошто сепак покрај изведувачите, на Евровизија не претставува песнaта.
