Претстојната пролет одлучувачка за Македонија!
Објавено: 28 декември, 2012, во 18:07 часот
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе на својот Твитер профил напиша дека политичките несогласувања во Македонија не треба да се решаваат со насилство и не треба да влијаат на работата на новинарите.
“ Сите политички лидери во Македонија треба заедно да најдат решение за отворените прашања. Политичките несогласувања не треба да се решаваат со насилство, и не треба да влијаат на работата на новинарите“, наведува Филе. Претсојната пролет е одлучувачка за Македонија, напиша Филе.
