Бензинот и дизелот од вечерва со нови цени!
Објавено на 3 декември, 2012 во 11:14
Регулаторната комисија за енергетика пред неколку моменти ги објави новите цени на горивата, а од денес возачите ќе плаќаат поскап бензин и дизел!
Како и секој втор понеделник Регулаторната Комисија за Енергетика објавува нови цени на горивата. Согласно со нивната методологија за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат за 0.38 проценти. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поскапува за 0.50 денари и ќе се продаваат по цена од 80.50, односно 82 денари за литар. Додека, цената на ЕУРОДИЗЕЛ-от исто така се зголемува за 0.50 денари, и ќе се продава по цена од 73 денари за литар.
Цените стапуваат на сила од вечерва на полноќ, а ќе важат следните 14 дена.