Синдикатот на новинарите ги поддржа лекарите!
Штрајкот на лекарите ја доби поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Во знак на солидарност го поддржуваме штрајкот за кој сметаме дека преставува легитимен начин за остварување на нивните цели за зачувување на достоинството на лекарската професија, стои во соопштението на ССНМ.
Овој синдикат е против опструкциите на штрајкот кој за нив преставува метод на синдикална борба. Ограничувањето на правото за независно организирање е опасно за сите сегашни и идни синдикални организации, смета ССНМ.
„Сметаме дека дијалогот е единствена опција за решавање на натрупаните проблеми во здравствениот сектор неговото одложување може да генерира нови проблеми и уште повеќе да го наруши односот лекар-пациент и довербата во здравствениот систем во државата“, се вели во соопштението на ССНМ.