Во Њујорк: Нова рунда преговори на спорот за името!
Објавено на 15 ноември, 2012 во 10:11
Преговарачите на двете земји, Зоран Јолевски на Македонија и Адамантиос Василакис на Грција, ќе се сретнат на 19 и 20 ноември во Њујорк.
Новата рунда преговори ја закажа посредникот на Обединетите Нации во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц.
Тој прво ќе се сретне со двајцата амбасадори на одвоени средби по што ќе има и заедничка средба. Од ОН информираат дека двете страни ја прифатиле поканата на посредникот Нимиц.