Почна штрајкот на лекарите!
Објавено на 14 ноември, 2012 во 09:01
На дел од клиниките и здравствените установи почна штрајкот на лекарите. Според најавите на Самостојниот синдикат на клинички центар штрајкот е на неопределно време поточно додека лекарите не најдат заедничко прифатливо решение за проектот плата по учинок со министерот за здравство Никола Тодоров.
Во штрајкот не учествува Клиниката за токсикологија.
Министерот Тодоров изјави дека нема да ги поддржи лекарите и дека ќе застане на страната на пациентите.
Од Синдикатот рекоа дека Тодоров во преговорите не изразил подготвеност за компромис и за изготвување на правила за работа во услови на штрајк. Најавија дека ако штрајкувачите бидат подложени на притисок или на санкционирање, можно е да се случи и комплетно прекинување на работниот процес