Со нумерологија ќе ја дознаете иднината на вашата врска
Се повеќе луѓе веруваат дека врската меѓу броевите и живите суштества навистина постои. Ако и Вие мислите така дознајте каква иднина ве очекува Вас и Вашиот партнер.
Веруваме дека Ве интересира како се однесувате кога ќе се вљубите а тоа најдобро можете да го дознаете преку нумеролошката анализа на своето име. Еве можност да ги дознаете карактерните особини на Вашиот партнер.
На парче хартија напишете го неговото име и презиме. Секоја буква носи поени па затоа почнете со математичката операција на собирање. Внимавајте, собирате се додека не добиете едноцифрен број!
А,Ф,Н и В = 1
Б,Г,Њ и З = 2
Ц,Х и Ж =3
Ќ,И и П = 4
Ч,Ј и Р = 5
Д,К и С = 6
Џ,Л и Ш = 7
Ѓ,Љ и Т = 8
Е,М и У = 9
Со тестот можете да се истестирате и себе си. Постапката е иста а штом го добиете крајниот резултат прочитајте ја анализата што ја подготвиле нумеролозите!
Бројот 1
На лицата со број 1 тешко е да им угодиш. За да ги задржете во прегратка во оваа врска секојдневно морате да внесувате новитети,односно да им подготвувате изненадувања.
Бројот 2
Иако физичката привлечност исто така им е многу важна сепак одбираат личности кои интелектуално најмногу им одговараат. Освен тоа,се впуштаат во врска со личности за кои се сигурни дека ќе им обезбедат финансиска сигурност..
Бројот 3
Ова се пред се искрени но истовремено и многу љубоморни личности. Меѓутоа кај нив е добро тоа што проблемите секогаш ги решаваат преку разговор.
Бројот 4
Овие лица не можат да одолеат на брачниот живот и се ќе направат само да го задоволат својот партнер. Тешко ги поднесуваат ситуациите кога љубовта не им е возвратена.
Бројот 5
Кога ќе се вљубат не се нешто посебно креативни па со самото тоа и многу брзо ќе им досадат на партнерот. Меѓутоа бидејќи имаат голема самодоверба барањето на нов партнер не им трае долго.
Бројот 6
Станува збор за луѓе на кои верноста не им е јака страна. Од една страна тие се многу чувствителни но на брачен живот се одлучуваат многу подоцна отколку нивните врсници.
Бројот 7
Исклучително добри љубовници на кои малку кој може да им одолее,меѓутоа мана им е што брзо им досадува постојаниот партнер.
Бројот 8
Личностите со број 8 имаат авантуристички дух со кој постојано одат по новитети. Меѓутоа иако тоа им се чини како невозможна мисија ,тогаш кога ќе ја пронајдат сродната душа,ќе сторат се за да и ги исполнат сите желби и задржат крај себе.
Бројот 9
Во млади години во главно бараат постари партнери додека подоцна преферираат помлади партнери. Станува збор за луѓе кои тешко можеш да ги задоволиш.