Фатени мигранти кај Градско !
Објавено на 4 ноември, 2012 во 13:54
На наплатната рампа Градско, на автопатот од Гевгелија за Скопје, во автобус на „Млаз Богданци“ полицијата откри мигранти од Еритреја, Сомалија и Судан. Станува збор за дванаесет патници кои немале лични документи кога полицијата од нив побарала да се легитимираат. Во разговор со нив било откриено дека илегално влегле во Македонија, некаде близу Гевгелија. Тие немале ниту билет за релацијата на која патувале за што објасниле дека на возачот и кондуктерот во автобусот на „Млаз Богданци“ им дале по 10 евра.
Полицијата ги притворила возачот и кондуктерот на автобусот и против нив поднесе кривична пријава додека мигрантите се наоѓаат во Прифатниот центар за странци во Скопје.