Штреберски тренд

Објавено на 19 октомври, 2012 во 15:27

Трендовските куси здолништа и високите чорапи беа модерни детали во деведесетите години, но оваа сезона ни нуди нешто многу повеќе од тоа. Новата сезона оди далеку од вообичаеното клише.

 

Кога ќе се спомне штреберски тренд, секој ќе се присети на својот тинејџерски изглед. Некои ќе се сетат на осумдесеттите, некои на деведесеттите,

додека поновите генерации ќе се присетат на Озборувачка ( Gossip Girl) или ( Pretty Little Liars) . Токму тие серии ни ја наметнаа стилската магија на оваа  сезона. Мешање на различни стилови кои се одвојуваат од вообичаените очекувања. Карирана суќничка, високи чорапи и додадете нешто неочекувано што ќе го презентирате со Ваш стил.

Извадете ги сите модни парчиња кои сте ги носеле во младоста и школските денови и уживајте:

– очила со дебел оквир – дуксери и школски сакоа

– ретро фризури

– кошули со копчиња и впечатливи јаки

– карирана облека

– чорапи под и над коленото

– чанта преку рамо

– шешири

– лента во коса

– чизми до глужд

П.С. не ги заборавајте и вашите секојдневни аксесоари кои ќе Ви дадат впечаток на уникатна модна кралица.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.