Ново копче на фејсбук

Објавено на 13 октомври, 2012 во 23:36

Фејсбук, најпознатата интернет друштвена мрежа на светот во моментов тестира ново копче. Се вика want или купувам. Со клик на ова копче корисниците ќе можат да покажат што би сакале да купат.

Така ќе креираат листи со список на производи од облека до намештај што ќе сакаат да ги купат преку интернет. Вака Фејсбук сака да ги потикне корисниците на online купување и секако да успее да придобие неспоредливо голем број на огласувачи. Како и поголемиот број претходни иновации на Фејсбук и ова е поттикната од желбата за заработка на пари преку реклами.  Досега копчето  like е најексплоатирано од страна на корисниците на интернет мрежaта. Тие со клик на него на наједноставен начин ја покажуваат личната симпатија кон одредени постови, информации, фотографии и огласи на Фејсбук.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.