Приведен Кавадарчанец кој уценувал Неготинци со компромитирачки материјали

Објавено: 13 октомври, 2017, во 21:57 часот

За да не објави компромитирачки материјали на социјалните мрежи кои се однесувале на двајца Неготинци лицето А.Ц.(30) од Кавадарци се обидело да ги уценува преу телефон.

Тој им барал пари. Но, уценуваните Неготинци не потклекнале на уцената туку го пријавиле случајот во полициската станица во Неготино .

Полицијата постапила веднаш и за кратко време го открила уценувачот. Во петокот на 13 октомври А.Ц бил лишенод слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „Уцена“ .

По извршениот разговор и собраниот доказен материјал полицијата против уценувачот А.Ц. од Кавадарци до ОЈО ќе поднесена кривична пријава за извршено кривично дело „Уцена“./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.