Палење на оџак причина за пожар во стан во Неготино
Објавено на 23 јануари, 2018 во 14:08
Пожар избувнал во стан во зграда на ул. „Маршал Тито“ во Неготино поради палење на оџак, информираат од СВР Велес. Пожарот настанал во станот чиј сопственик е лицето П.М (36) од Неготино.
„Пожарот настанал вчера околу 12 часот поради палење на заедничкиот оџак во зградата кој бил неисчистен. Истиот е локализиран од против пожарната единица од Неготино“ информира портаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Увид на местото на настанот, по овластување од ОЈО, извршила екипа од неготинската полиција./А.Д