Казни за 439 граѓани кои не носеле маска
Објавено на 24 мај, 2021 во 20:29
Министерството за внатрешни информира дека во изминатото деноноќие констатирано е дека 21 лице не ја почитувале забраната за движење.
„Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 439 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19“, соопштија од МВР.