Нема препораки за нови рестрикции поради делта сојот
Објавено на 5 јули, 2021 во 12:40
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не препорача нови мерки за заштита од индискиот сој на корона вирусот. Според членовите на комисијата во земјава ситуацијата со епидемијата е под контрола и нема потреба од препорака за нови меки за заштита на граничните премини и воведување на задолжителен ПЦР тест за влез во земјава.
Во земјава веќе неколку дена е драстично намален бројот на заразени лица, активни со ковид-19 се 151 лице и нема нови починати како последица на коронавирусот.
Индиската мутација на коронавирусот е веќе раширена во стотина земји во светот. СЗО анализира дека таа брзо се шири во земји и со високо и ниско ниво на имунизирани.