Заев: Како дел од шестиот пакет мерки, распределени се 35,3 милиони денари
Како дел од шестиот пакет мерки за надминување на последиците од ковид-кризата, распределени се 35,3 милиони денари, напиша премиерот на Зоран Заев на својот фејсбук профил.
-2.460.000 денари за 80 лиценцирани туристички водичи, на кои ќе им биде исплатена еднократна финансиска поддршка во висина од 30.750 денари,
–15.443.661 денари за 33 економски оператори врз основа на информацијата за спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на компании – оператори од индустријата за организација на настани,
–11.924.820 денари финансиска поддршка на регистрирани фотографски студија и фитнес центри, односно на сите 184 правни лица од овие дејности кои аплицираа на јавниот повик,
-5.442.232 денари финансиска поддршка на регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, за вкупно 73 правни лица кои ги исполнуваат сите услови од јавниот повик за правните лица од овие дејности, напиша тој.