Двоцифрен број на заразени и еден починат од ковид-19

Објавено на 20 јули, 2021 во 14:09

Во последните 24 часа се направени 3.219 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на ковид-19. Во Скопје осум, Тетово четворица, Куманово и Гостивар по тројца , Кавадарци, Кочани и Кичево  по еден.

Регистрирани сe 14 оздравени пациенти  и пријавено е едно  починато лице од Скопје, на 56 годишна возраст, во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 935.732 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.951, бројката на оздравени пациенти е 150.237, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 226.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.