Прв случај на коронавирус во Велес, по 12 дена без заболени и активни

Објавено на 23 јули, 2021 во 17:20

По дванаесет дена без ниту еден заболен, денеска, Министерството за здравство соопшти дека во Велес е евидентиран еден заболен од ковид-19.

На одделението за Инфективни болести во Општа болница Велес завршија подготовките за прием на заболениот велешанец.

-Тој е најавен и се очекува да стигне на приемниот дел на Инфективно одделение, рече портпаролката на велешка болница д-р Елеонора Јованова.

Од 12 јули до денеска во болницата немаше ковид болни. Денеска во дневниот билтен на Министерството за здравство е евидентиран овој прв случај во Велес и  уште 35 новозаволени во вкупно девет градови во државата. И тоа во Kуманово 15, во Скопје 7, во  Тетово  6, во Гостивар 2 и во Прилеп, во Штип, во Струмица ,во Кочани и во Кичево по 1.

Министерството соопшти дека не се регистрирани починати пациенти.

Оздравени пациенти од ковид-19 денеска има вкупно 12 оздравени и тоа во Тетово 5, во Скопје 4, во Битола 2 и во Свети Николе 1.

Од почетокот на епидемијата,лани во март месец, до денеска во велешко има регистрирано вкупно 5475 инфицирани граѓани.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.