Прв случај на коронавирус во Велес, по 12 дена без заболени и активни
По дванаесет дена без ниту еден заболен, денеска, Министерството за здравство соопшти дека во Велес е евидентиран еден заболен од ковид-19.
На одделението за Инфективни болести во Општа болница Велес завршија подготовките за прием на заболениот велешанец.
-Тој е најавен и се очекува да стигне на приемниот дел на Инфективно одделение, рече портпаролката на велешка болница д-р Елеонора Јованова.
Од 12 јули до денеска во болницата немаше ковид болни. Денеска во дневниот билтен на Министерството за здравство е евидентиран овој прв случај во Велес и уште 35 новозаволени во вкупно девет градови во државата. И тоа во Kуманово 15, во Скопје 7, во Тетово 6, во Гостивар 2 и во Прилеп, во Штип, во Струмица ,во Кочани и во Кичево по 1.
Министерството соопшти дека не се регистрирани починати пациенти.
Оздравени пациенти од ковид-19 денеска има вкупно 12 оздравени и тоа во Тетово 5, во Скопје 4, во Битола 2 и во Свети Николе 1.
Од почетокот на епидемијата,лани во март месец, до денеска во велешко има регистрирано вкупно 5475 инфицирани граѓани.
Убавка Јаневска