Вучиќ порача од Скопје: Ќе бидеме среќни ако ги укинеме границите
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за границите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.
-Ако за две години стигнеме до точка кога би немале граници меѓу нас и камионите да можат слободно да минуваат, исто како и автомобилите, тогаш ми се чини дека постигнавме нешто за што сонувавме. Не сум сигурен колку сите ќе бидат пресреќни во светот и Европа, но ние ќе бидеме среќни, рече Вучиќ по средбата со премиерите на Македонија, Зоран Заев и Албанија, Еди Рама.
Тој изјави дека во четврток повеќе ќе зборува за договорите со Рама и Заев.
-Ние веќе не го бркаме тоа што некој ќе ни го направи или подари, туку она што можеме да го направиме заедно, изјави Вучиќ, а пренесе „Новости“.
Претседателот на Србија е во посета на Скопје, каде што ќе има средби со Заев и Рама. Вучиќ најави и потпишување на три важни договори