Секој напад врз здравствените работници ќе се третира како напад врз службено лице
Објавено на 30 јули, 2021 во 10:43
Лекарите и здравствените работници мора да се чуствуваат безбедно на своите работни места, исто како и сите останати работници, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, во изминатот период имаше повеќе напади на наши колеги што внесува немир и несигурност кај здравствените работници.
-Со измените во Кривичниот закон, го подигаме нивото на безбедност и секој напад врз нив ќе се третира како напад врз службено лице. Само така ќе можат целосно да се вложат во пружање на здравствена услуга за доброто на пациентите, напиша Филипче на социјалните мрежи.