Од денеска ковид-сертификати ќе се бараат и за влез во трговските центри

Објавено на 18 август, 2021 во 10:01

Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни гости, како и за настан од секаков вид, прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина, задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

– сертификат/потврда за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза вакцина против Ковид -19 или

– сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе лица, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните Ковид-19 документи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.