Почина 39 годишна позитивна и не вакцинирана жена во велешка болница

Објавено на 28 август, 2021 во 16:28

Починатата жена на 39 годишна возраст е од село  Горно Јаболчиште. Таа на Инфективното одделение во ЈЗУ „Општа болница“ Велес била примена пред четири дена како позитивна на Ковид-19 и не вакцинирана.

Во болницата денеска вкупно се хоспитализирани 42 пациенти,  од кои  40 се потврдено позитивни и 2 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Од нив 40 се лекуваат на Инфективно одделение и двајца на Интерно одделение.

Од вкупниот број 16 се на кислородна поддршка.

Денеска од болничко лекување испишани се тројца пациенти, како оздравени, со по еден негативен тест.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.