Осум нови потврдени ковид пациенти во велешка болница
Објавено на 15 септември, 2021 во 18:47
За разлика од вчера кога во ЈЗУ Општа болница имаше 38 потврдени ковид пациенти, денеска има уште осум нови пациенти чии тестови покажале дека се позитивни на корона вирусот.
На болничко лекување во велешката болница денеска има 64 пациенти од кои 46 се потврдени позитивни а 13 се со негативен тест но се задржани на болничко лекување. Од нив на кислородна поддршка се 33 пациенти.
Во инфективното одделение се лекуваат 35 пациенти, во Модуларната болница 20 додека на интерното одделение има девет пациенти.
Од болницата денеска се испишани четири пациенти како оздравени со по еден негативен тест.