За 24 часа нови седум ковид пациенти, со нив бројката се искачи на вкупно 71 од 275 активни случаи во Велес
Објавено: 16 септември, 2021, во 19:00 часот
Во јавната здравствена установа денеска вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. Од нив 51 се потврдено позитивни, четири се сомнителни и 16 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 34 пациенти.
Најголем број од пациентите се лекуваат на Инфективно одделение или 39, во Модуларна болница 24 додека на Интерно одделение осум.
Денеска од болницата испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Институтот за јавно здравје денеска соопшти дека во Велес се регистрирани нови 29 случаи со што вкупно има 275 активни случаи.
Убавка Јаневска


