Заев останува на ставот за одлуката за оставката на министерот Филипче

Објавено на 22 септември, 2021 во 13:51

„Ред е да ја почекаме истрагата. Не би коментирал дополнително, затоа што не смеам и не треба да си дозволам кое било коментирање, затоа што истрагата е таа која треба да го соопшти,“ рече  денеска премиерот Зоран Заев, уште еднаш потенцирајќи дека одлката за оставката на министерот за здравство д-р Венко Филипче ќе ја донесе по истрагата.

Премиерот во одговорот дополни дека се надева, час поскоро очекува, исто како и граѓаните да го добие одговорот, што точно се случило во модуларната болница во Тетово.

„И да, останувам на ставот, на тоа што го соопштив. Согласно информациите од истрагата, јас ќе го соопштам ставот за оставките на министерот за здравство, директорот на болницата, економскиот директор на болницата, како и на заменик-министерот за здравство“,  рече Заев.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.