Полицијата за брзо возење, вчера, казнила 32 возачи

Објавено на 28 септември, 2021 во 11:28

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, 27 септември, спроведоа засилена акциска котрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. За време на акцијата казниле 32 возачи и тоа 16 во Велес, десет во Кавадарци и шест во Неготино.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти Верољуб Додевски, портпаролот на СВР Велес.

Инаку во текот на вчерашниот ден за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се пет лица, три во Велес и две во Неготино. Против нив се поднесени соодветни поднесоци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.