Натпревар решен во „тај брек”, ГОК„ Борец” – ОК„ Универзитет Тетово” 3:2

Објавено на 14 ноември, 2021 во 15:01

Одличен натпревар, полн со неизвесноти и пресврти, одиграа вчера вечер одбојкарите на ГОК„Борец“ и ОК „Универзитет Тетово“. Првите два сета ги добија гостите со 22:25 и 17:25.

Во третиот сет имаа предност од 24:21 и речиси добиен натпревар. Публиката беше разочарана од исходот и веќе станата од столчињата за да ја напушта салата,кога со неколку сервиси Димовски го „врати” „Борец“во игра и сетот го добија домаќините  со 28:26.

Инаку првите два сета гостите ги добија со инзворедната игра на Јовица Симовски кој беше непогрешлив во зоната на нападот но и од втора линија.

Во четвртиот сет, до пред самиот крај, гостите имаа водсво но тогаш проработи нападот на „Борец“  и сетот беше добиен со 25:22.

Во решавачкиот петти сет блокот стана моќно оружје на велешани. Го запреа Симовски кој најверојатно се соочи со умор и се разигра новото засилување на „Борец“, украинецот Роман Волков.  Така домаќините стигнаа до победа со 15:11 во сетот  и резултата од 3:2 во натпреварот.

Домашните освоија два а гостите еден бод. Од оваа средба највеќе профитира публиката  којашто одамна немаше проследено вака интересен натпревар во спортската сала „Гемиџии“ во Велес.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.