Се проширува листата на производи со „замрзнати“ цени
Објавено на 15 декември, 2021 во 11:55
Владата донесе одлука да се замрзнат цените и на оризот, тестенините и јајцата до 31 јануари 2022 година, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши.
-На предлог на Министерството за економија, Владата на седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо. Листата се проширува со 3 нови основни прехранбени производи: ориз, јајца и тестенини , објави министерот Бектеши.
Одлуката е за да се спречи натамошно пореметувањата на пазарот и да се отстранат штетните последици во врска со снабдувањето на населението со основните прехранбени производи.
Оваа одлука ќе важи до 31-ви јануари 2022 година.